За да не останеме без судии, итно се менува закон и им се продолжува работниот век
Во четврток, на 30 јуни, стапува во сила законската измена во работната сфера донесена минатата година, со која пензионирањето е задолжително на возраст од 64 години и 15 години стаж.
Според властите, ова ќе ги испразни судовите, бидејќи со измените, во пензија треба да заминат 60 судии и 13 обвинители. Затоа, Владата предлага тие да останат на работа уште три години, односно до моментот кога ќе наполнат 67 години, што е период во кој се очекуваат нови дипломци од Академијата за судии и обвинители, пишувa Телма.
Законските измени се предложени по скратена постапка, а во Собранието на предлогот му е доделено и европско знаменце.
За опозицијата, сомнително е што Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе одлучуваат за вакво продолжување на мандатот. Реагираат и на тоа што Комисијата за европски прашања би требало да биде матична комисија.