Затворен аеродромот во Белград, добиле дојава за бомби во авиони

На белградскиот аеродром Никола Тесла вечерва околу 19:15 стигнала дојава за бомби, јавува Н1.

Медиумите јавија дека патниците биле евакуирани веднаш по добивањето на дојавата. Црногорски Ер Монтенегро објави дека стигнала дојава за нивни авиони, но и за авиони на други компании.

„Дојавата за бомби стигна во момент кога авионот беше на земја. Во тек е проверка на авионот од страна на безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе бидат на безбедно додека не се извршат нужните контроли“, објави Ер Монтенегро.

Додаваат дека безбедноста на патниците во ниеден момент не била загрозена.

Последниот авион од белградскиот аеродром полетал во 18:45, а летовите кои биле закажани потоа доцнат. Поради дојавите за бомби се пренасочени летовите од Загреб и Базел, а останатите доцнат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons