Запленети 232 парчиња охридска белвица, приведени две лица

Министерството за внатрешни работи информира дека денес се приведени две лица од Република Албанија фатени со 232 парчиња охридска белвица.

„Денеска (12.02.2023), по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал Струга и Полициската станица за граничен премин Ќафасан на излез од државата ги привеле Х.Ф.(22) и Ч.Е.(22), двајцата од  Република Албанија,“ стои во полициското соопштение.


Како што информираат оттаму, при контрола во патничко возило „шкода”, со албански национални ознаки, биле пронајдени 232 парчиња охридска белвица кои биле предмет на недозволена трговија од Република Македонија кон Република Албанија.

„Х.Ф. и Ч.Е. се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок,“ додаваат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons