АктуелноСвет

Замрзнати речиси 17 милијарди долари руски имот 

Европската Унија има замрзнато руски имот во вредност од 16,9 милијарди долари откако Москва ја нападна Украина во февруари, изјави еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс во интервју објавено денеска.

Бројката е зголемена со околу 13,8 милијарди евра „од олигарси и други ентитети“ што Рејндерс во јули објави дека ЕУ ги замрзнала, главно во пет земји.

„Досега е замрзнат имотот на 90 лица, речиси 17 милијарди евра во седум земји-членки, вклучително и 2,2 милијарди евра во Германија“, изјави тој за медиумската групација Функе.

ЕУ усвои осум пакети санкции од почетокот на војната во Украина пред осум месеци.

Украинските власти сакаат средствата да се користат за обнова на нивната земја по војната.

„Ако се работи за пари од криминал запленети од ЕУ, можно е да се префрлат во компензацискиот фонд за Украина“, рече Рејндерс во интервјуто.

„Оваа сума е далеку од доволна за финансирање на реконструкцијата“, додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons