Заглавените Македонци со извици „Да живее Србија“ полетаа од Израел

Летот за репатријација на Ер Србија евакуира граѓани од Тел Авив во Израел, пред се од Македонија, а во истиот имало и по некој Србин и Црногорец.

Во авионот на „Ер Србија“ имало вкупно 133 патници, од кои доминантно државјани на Македонија, кои го продолжиле патувањето од Скопје до Белград.

Српскиот амбасадор Душан Вујовиќ, пренесувајќи ја атмосферата на воодушевување, рекол дека патниците скандирале „Да живее Србија“.

„Го добивме и последниот патник во авионот. Ви посакувам се најдобро и ве поздравувам пред амбасадите на Србија и Северна Македонија, конзулатот на Црна Гора и амбасадата на Албанија, од моите драги колеги кои организираа. Прво летаат за Скопје, па за Белград. Внимавајте и се надевам дека ќе се видиме во добри времиња. Се најдобро“, рекол Вујовиќ.

Авионот ќе ги евакуира патниците оставени од други авиокомпании, без можност за враќање дома.

Трошоците за летот се на товар на Владата на Северна Македонија, пренесува Танјуг.

faktor.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons