Забрана за градежни работи во централното подрачје на Охрид
Од утре стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното подрачје на Охрид.
Како што соопштија од Општина Охрид, забраната се однесува на просторот јужно од булеварот „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан и на туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“.
Забраната ќе биде на сила до 31 август.