ЕСМ потврди дека ќе вработува масовно: Поголемиот дел ќе работат во производство 

АД ЕСМ со реакција во јавноста потврдува дека е објавен оглас за вработување на 500-тини работници во компанијата која е најголем произведувач на електрична енергија во државата, но од таму велат дека поголемиот дел од нив ќе работат во производниот процес.

„Во АД ЕСМ од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1190, од кои над 76% биле со работни места во производствениот процес, а над 23% административни работни места. Најголем процент од оние кои заминале, бил по основ одење во пензија, но и поради други причини вклучувајќи го и заминуавњето во приватниот сектор. Изминатата година кога се соочивме со енергетската криза, се осети сериозна потреба за нови вработени особено во делот на производство на електрична енергија. Потребите за електрична енергија се исти и поизводството е потребно да продолжи со исто темпо, да остане сигурно и стабилно, а за тоа се потребни стручни лица кои ќе го овозможат. АД ЕСМ има најголема потреба од вработени во производствениот процес и останат помошен персонал, токму затоа над 87 проценти од огласите за врабтување се однесуваат токму на ваков кадар, само 12 отсто се однесуваат за работни места во административниот дел, но во функција на производствениот процес“, соопшти ЕСМ.

Државната ЕСМ распиша оглас за вработување на над 500 лица на еден месец пред воспоставувањето на техничката Влада, односно на нешто повеќе од 100 дена пред изборите. Платите за нововработените ќе бидат од 30 до 60 илјади денари.

Во оваа компанија ќе може да аплицираат заинтересираните кои сакаат да работат како хигиеничари, електричари, инженери, хаус-мајстори, но и возачи и курири. Се бара кадар за Осломеј, РЕК Битола, за ХЕЦ Црн Дрим-  Струга.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons