ЕСМ ВЕТУВА СТРУЈА ЗА СИТЕ КОРИСНИЦИ НА УНИВЕРЗАЛНИОТ СНАБДУВАЧ – ќе го зголемиме производството за 20 отсто

Поради интересот на медиумите во врска со процедурата за снабдување со електрична енергија за периодот 1.7.-31.12.2022г., АД ЕСМ го испрати до јавноста следното соопштение.

„АД ЕСМ ќе поднесе понуда на јавната набавка на ЕВН Хоме со рок до 24.6.2022г.  АД ЕСМ достави до Влада пресметки и предлози во однос на цената и количините, по што Владата на затворена седница носи одлука со препорачана цена и количина, која се доставува до ЕСМ. Согласно одлуката, ЕСМ во затворена понуда ќе аплицира на повикот на ЕВН Хоме.

Врз основа на направените анализи и пресметки, АД ЕСМ утврди дека е во состојба да ги обезбеди вкупните количини на електрична енергија кои му се потребни на ЕВН Хоме, односно 100 отсто да ги покрие потребите на Универзалниот снабдувач за граѓаните и малите потрошувачи (законот за оваа година го обврзува ЕСМ за 60 отсто), како и  целосно покривање на техничките загуби во системот на ЕВН Електродистрибуција и целосно покривање на техничките загуби во системот на МЕПСО“, се вели во соопштението од ЕСМ.

За таа цел, велат од АД ЕСМ, го зголемиле планот за производство на електрична енергија за 2022г. за 20 отсто од производството во 2021г. 

„Конзумот на ЕВН Хоме е зголемен за 27 отсто, поради префрлањето на потрошувачи од слободниот на регулираниот пазар (деловни субјекти, општини, јавно осветлување).

Дополнителните потреби на ЕВН Хоме и на ЕВН Електродистрибуција ќе ги задоволиме со дополнителна набавка на јаглен за зголемување на производството од термоелектраните Битола и Осломеј, како и обезбедување доволни количини мазут за работа на ТЕЦ Неготино“, велат од ЕСМ во соопштението до јавноста.

Вчера Фактор објави дека АД ЕСМ по затворените тендери за набавка на јаглен за потребите на РЕК Битола, се склучени три договори за испорака на рекордни 550.000 тони јаглен за сума од 1,936 милијарди денари, или приближно 32 милиони евра. Ако во добрите стари времиња се копаше јаглен за неколку евра по тон, сега по сите нови енергетски и геополитички феномени, ќе се купува увезен за околу 55 до 65 евра по тон. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons