ЕРДОГАН: Една ноќ, Турција може ненадејно да пристигне во Грција
Претседателот на Турција, Рeџеп Тајип Ердоган во својот говор на Самитот на Г20 повторно и се закани на Грција.
Тој изјави дека Турција „една ноќ може ненадејно да пристигне“ во Грција и затоа соседната држава треба „да внимава на своето место“ и да „се сети на историјата“.
Изминатите месеци Ердоган ја засили својата реторика против Грција поради, како што тврди Анкара, заканата од зголемено воено засилување на грчките острови во Егејско Море во близина на турскиот брег. Тој во говорот на Самитот на Г20 го опиша зголеменото воено присуство на Грција како „бесмислено“ и додаде дека „сите авиони и оружје што ќе дојдат нема да бидат корисни“.