Епископ Марко назначен на чело на новоформирана Делчевско-каменичка Епархија

Во Црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево денеска беше извршено востоличувањето на епископ Марко на чело на новоформираната Делчевско-каменичка епархија. Епархијата е формирана со одлука на Синодот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија е една од 15 епархии во јурисдикција на МПЦ-ОА. Претставувањето на Епископ Марко на света архиерејска литургија во Делчево го изврши неговото високо преосвештенство митрополитот Брегалнички г-н Иларион, а на настанот присуствуваа високи црковни претставници од земјава, Србија и други гости кои со своето присуство го збогатија денешниот црковен чин.

Делчево, 17 септември 2023 (МИА) – Во Црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево денеска беше извршено востоличувањето на епископ Марко на чело на новоформираната Делчевско-каменичка епархија. Епархијата е формирана со одлука на Синодот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија е една од 15 епархии во јурисдикција на МПЦ-ОА. Претставувањето на Епископ Марко на света архиерејска литургија во Делчево го изврши неговото високо преосвештенство митрополитот Брегалнички г-н Иларион, а на настанот присуствуваа високи црковни претставници од земјава, Србија и други гости кои со своето присуство го збогатија денешниот црковен чин.

-Преосветен владико господин Марко еве денеска радоста во овој паскален ден не собра да присуствуваме и да те востоличиме на тронот на новата епархија Делчевско-каменичка. Со многу радост, со многу љубов ти ги доверуваме овие градови кои што досега беа во Брегалничката епархија, ти го доверуваме на твојот томофор и овој народ да го чуваш и пазиш како добар пастир на црквата и стадото Христово. Користам прилика од името на поглаварот на нашата православна црква, г-н Стефан, од името на сите архиереи на нашата православна црква да го честитам устоличувањето посакувајќи ви добро здравје долг живот и достојни плодови на нивата господова, рече владиката Иларион.

Епископот на новоформираната Делчевско-каменичка епархија по неговото назначување истакна дека епископот се поставува на служба првенствено за да ги принесува даровите на благодарење и да ја упатува заедницата на патот кон обожувањето. 

-Тоа е програмата на секој архиереј на црквата Христова, тоа ќе биде и нашата програма на делување во оваа новоформирана епископија Делчевско-каменичка на која денес биваме поставени за епископ. За успех на мисијата која ни ја доверува црквата се надевамe  на Божјата помош која е глава на црквата и кој ја стекна истата со својата крв. Во 127 псалм се вели ако Господ не ја согради куќата залудно ќе се трудат градителите нејзини. Ако Господ не го запази градот залудно ќе бдее стражата. Токму на тоа се надеваме како епископ, како помошник на Бога во ѕидањето и чувањето на црквата. Не дека на Бог му е потребна нашата помош, туку нам ни е потребно да бидеме негови помошници за да се вградиме во вечноста, рече епископот Марко.

Одлуката Делчевско-каменичката епархија да биде формирана како посебна епархија е донесена на 20 јуни 2023 година како една од 15 епархии во јурисдикција на МПЦ-ОА. Седиште на новоформираната епархија е во Делчево со јурисдикција на градовите Делчево и Македонска Каменица заедно со селата во овие општини.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons