Спорт

Елмас одигра речиси цел меч, Наполи победи во Лече

Наполи со 1-0 славеше на гостувањето кај Лече, Елиф Елмас беше стартер и играше 85. минути, важни три бода за актуелниот шампион во Серија А.

Повредата на Де Брујне му донесе шанса на Елмас за настап во стартниот тим. Македонскиот фудбалер првпат одигра речиси цел натпревар под водство на Конте.

Лече по десет минути игра во второто полувреме пропушти голема шанса да дојде до водство откако Камарда не реализираше пенал.

Казната стигна во 69. минута кога Ангиса реализираше за водство на Наполи кое значеше и победа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons