Елмас во миланско друштво
Наполи синоќа со 2-0 го победи Милан во полуфиналето од Суперкупот на Италија, а по мечот нашиот Елиф Елмас се сликаше со два фудбалски легенди.
Елмас беше стартер на мечот и одигра 77 минути, македонскиот фудбалер беше расположен за сликање.
Тој објави повеќе фотографии од натпреварот, а онаа која падна најмногу во очи е со Златан Ибрахимовиќ и Лука Модриќ.




