Екипа на ЕВН нападната од крадци на струја
Екипа на ЕВН била нападната од крадци на струја кои ја оптовариле мрежата, поради што четири дена по ред жителите на кочанската населба Трајаново Трло имаат проблем со електричната енергија.Екипите на ЕВН се на терен и се обидуваат да го лоцираат и санират проблемот кој неофицијално настана поради бројни диви приклучоци, меѓутоа утрово додека вработените се обидувале да исклучат диви приклучоци биле физички нападнати од група на лица која користела лопати и други предмети.
Вработените морале да го прекинат сервисирањето и да се повлечат за да повикаат екипи на МВР. Полицијата е на терен и врши увид. Според неофицијални извори напаѓачите се препознаени и се добро познати лица на органите на редот и мирот. Зад своето име имаат и криминално досие.