Магазин

Еве како да бидете побогати во 2025 година: Пет начини да привлечете пари

Начинот на кој ги третирате парите, велат повозрасните, може да влијае на вашата финансиска состојба.

Еве што да правите со парите за да имате што повеќе од нив во Новата година и да привлечете уште повеќе пари во вашиот дом.

1. Платата да преноќи

За парите што сте ги заработиле да го сакаат вашиот дом, на денот кога ќе добиете плата, не трошете ниту еден денар. Целата сума треба, според верувањата, да преноќи во вашиот дом или на вашата сметка.

2. Куќен ред за целосен буџет

Пари нема да има ако свиркате по дома и со рака ги исчистите трошките од масата.

3. Чувајте ги железните парички

Никогаш не чувајте го вашиот паричник празен, чувајте барем неколку денари во него. Сите пари мора да бидат наопаку свртени кон сопственикот.

4. Не крадете ја туѓата среќа

Парите од коцкање, заработени нечесно, пронајдени или искинати, не носат среќа и затоа не треба да ги чувате во вашиот паричник. Дајте ги на сиромашните или искористете ги брзо.

5. Чувајте голема банкнота

Една година во куќата или станот треба да чувате голема банкнота, која ќе се наполни со вашата енергија и ќе почне да привлекува пари, пренесува „Крстарица“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons