МакедонијаНајново

Д-р Стојанов: Летните одмори ќе направат повеќе проблеми со ковидот отколу со сипаниците 

И покрај тоа што дел од експертската јавност алармира на ризик од зголемување на бројот на случаи заразени со мајмунски сипаници, особено поради зачестените патувања во текот на летниве месеци, епидемиологот, д-р Александар Стојанов во разговор за Фактор вели дека е далеку помала опасноста од оваа болест и можноста за развој на епидемија на мајмунски сипаници, отколку што повторно може да се разгоре корона вирусот. 

-Грција, на пример пријавува 10.000 новозаразени, најмногу на Миконос, остров познат по журките и моментално таму сега е најголемата концентрација. Повторно се враќаме на истата загрижувачка ситуација. Секаде каде што има мосовни собирања, постои огромен ризик за ширење на вирусите. И потврдените случаи на мајмунските сипаници беа всушност луѓе кои присуствувале на летни повеќе дневни журки, концерти и така натаму. Во однос на сојовите на корона вирусот, актуелниот омикрон, има полесна форма на болеста и дава полесни симптоми, но секако остава несакани последици по организмот на човекот. И Хрватска пријавува зголемен број на заразени со ковид, 500-600 секој ден, земјата се отвори, луѓе од цел свет доаѓаат на одмор и толку треба. Србија исто така, имаат и по неколку смртни случаи. Кај нас за среќа нема починати изминатиов период, но повторно пријавуваме околу 100-тина новозаразени, над 100, бројка што на почетокот од пандемијата и тоа како не плашеше и загрижуваше. Така што повеќе би обрнал внимание повторно на ковидот, отколку на мајмунските сипаници, вели познатиот епидемиолог. 

-Мајмунските сипаници е ДНК вирус и не прави лесно мутации, но короната е РНК вирус и досегашното искуство покажа дека навистина многу брзо прави нови мутации. Ние сме недоволно извакцинирано население, едвај окоу 50 проценти, така што како епидемиолог сметам дека од есен добро би било посебно ранливите категории да примат и четврта доза од вакцината, додава Д-р Стојанов. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons