Д-р Беќаровски: Неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура!!!

Доктор Нико Беќаровски преку објава на социјалните мрежи порача дека неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура.

„#Staphylococcus_epidermidis e причинителот на смртниот исход кај 52 годишната пациентка од Прилеп.

Низ разни медиуми и портали проструи вест дека наводно оваа бактерија се среќава само во книгите, што е најблаго речено крајно неточна информација.

Вистината е сосема поинаква и во најразвиените држави, (САД на пример) оваа бактерија се среќава кај околу 20% од сите кардиолошки, ортопедски, гинеколошки и други импланти.

Точно е дека оваа бактерија во нормални услови се третира со голем број на антибиотици, од кои сите се достапни во Македонија, но нашето неконтролирано користење на антибиотици, предизвика и овие релативно едноставно курабилни бактерии да станат резистентни на сите антибиотици.

Колку илјадници дози Сумамед, Моксирал и други мултипотентни антибиотици беа непотребно ординирани во текот на Ковид пандемијата.

Колку настинки, грипчиња, непотребно се третираат со амоксиклавче ….

За жал превисоката цена за оваа наша лоша навика, ја плати нашата сограѓанка од Прилеп.

За уште поголема жал, ова нема да биде последен ваков случај, бидејќи неконтролираната употреба на антибиотици допрво ќе ја поднесе својата црна фактура!!!

Затоа уште еднаш да Ве замолам, не дозволувајте да Ве трујат со антибиотици без докажан бактериски причинител или јасни лабораториски параметри за бактериска инфекција !!!!

Кога навистина ќе ви треба антибиотик, вас или на вашата фамилија можеби нема да делува“, вели д-р. Беќаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons