Македонија

Др. Пановски алармира: Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис, епидемиолози каде сте?

Микробиологот Никола Пановски тврди дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис и остро реагираше поради тоа што, според него, сè уште не е прогласена епидемија и нема соодветна реакција од надлежните.

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи оцени дека во Гостивар има епидемија на гастроентеритис, наведувајќи дека бројот на заболени е многу поголем од официјално регистрираниот.

„Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град оболеле 30% од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија!!! Епа браво“, напиша Пановски.

Тој упати директен повик до епидемиолошките служби да реагираат, истакнувајќи дека станува збор за професионална обврска.

Во меѓувреме, надлежните институции сè уште ги чекаат резултатите од лабораториските анализи кои треба да покажат што е причината за масовните стомачни тегоби во Гостивар и дали тие се поврзани со водата за пиење или со друг извор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons