Драма на Олимписките игри: Освои бронза, па падна на снегот и се бореше да дојде до возудх
Драматични моменти ја одбележаа трката на 10.000 метри во крос-кантри на Зимските олимписки игри, каде што во центарот на вниманието се најде Американката Џоеси Догинс.
Иако успеа да стигне до бронзениот медал со време од 23:38 минути, веднаш по минувањето низ целта следуваше шокантна сцена. Исцрпена од огромниот напор, Догинс се струполи на снегот и видно тешко дишеше, додека лекарските екипи брзо реагираа.
Златото ѝ припадна на Швеѓанката Фрида Карлсон, додека сребрениот медал го освои нејзината сонародничка Андерсон. Сепак, славјето остана во сенка на загрижувачките моменти по трката, а засега нема официјални информации за природата на здравствениот проблем на американската натпреварувачка.



