Дончиќ стана првиот странец со најпродаван дрес во НБА
Ѕвезда на Лос Анџелес Лејкер, Лука Дончиќ испиша нова историја во НБА и стана првиот странец со најпродаван дрес.
Мега трејдот и преселбата во Лос Анџелес му ја зголеми популарноста на Лука Дончиќ, па словенечкиот ас испиша нова историја, НБА соопшти дека ѕвездата на Лејкерси стана првиот странец со најпродаван дрес.
Исто така, Лука Дончиќ прекина една голема доминација во НБА, од сезоната 2012/13 па наваму, на врвот во оваа категорија постојано беа Леброн Џејмс и Стеф Кари, но тие сега се симнати од тронот.