Долги редици возила чекаат за излез на Богородица, вчера се чекале неверојатни пет часа! 

Летната сезона полека го достигнува својот врв, за што говорат се поголемиот број возила на граничните премини. Најголем проблем е граничниот премин Богородица, кој води кон соседна Грција, каде секоја година во овој период од годината се создава неверојатна гужва.

Денес во групата „Грција инфо“, патниците информираат дека има шест колони возила кои чекаат ред за да влезат во Грција, а вчера, во истата група беше објавена инфомација дека се чекало дури и пет часа.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons