Македонија

Дозволен минус во банка – кога да го користите, а кога да го избегнете?

Финансиските предизвици со кои се соочуваат многу граѓани во Македонија често ги тераат да прибегнуваат кон алтернативни извори на средства за да ги надминат месечните трошоци.

Еден од најчестите инструменти што банките го нудат е дозволеното пречекорување на трансакциските сметки, попознато како дозволен минус.

Иако оваа опција изгледа привлечно на прв поглед, прашањето е дали всушност помага или ја продлабочува финансиската несигурност?

Дозволениот минус функционира како брз и лесно достапен кредит, кој овозможува потрошувачите да трошат повеќе отколку што имаат на сметката.

Во зависност од банката и висината на редовните приходи, на корисниците им се одобрува пречекорување од неколку илјади па до десетици илјади денари.

Но, токму оваа лесна достапност е она што често создава зависност и води кон сериозни финансиски последици.

Каматните стапки и скриените ризици

Една од главните карактеристики на дозволениот минус е високиот процент на каматна стапка.

Таа обично е значително повисока од каматните стапки за стандардните потрошувачки кредити, а често е и повисока од каматите за кредитни картички.

За секој ден во кој корисникот останува „во минус“, банката пресметува камата на искористената сума, што значи дека долгот расте експоненцијално со времето.

„Проблемот со дозволениот минус е што тој делува како решение за краткорочните финансиски предизвици, но многу граѓани го користат како долгорочен извор на средства“, вели економски аналитичар од Скопје.

На тој начин, посочува тој, тие постојано плаќаат камати, без реално да го враќаат основниот долг.

Несоодветна употреба на дозволениот минус

Иако оваа опција може да биде спас за итни ситуации – како здравствени трошоци, итни поправки или неопходни комунални услуги – многумина ја користат за да ги покријат редовните животни трошоци, па дури и за неконтролирана потрошувачка.

Според истражувањата, ваквата практика води кон постојан финансиски притисок и значително го намалува квалитетот на животот.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons