Спорт

Димовска со златен медал на Светскиот куп во кик бокс 

Македонската кик бокс репрезентација освои три медали на Светскиот куп во Лидо Диесоло во Италија.

Марија Димовска се закити со златниот медал во категоријата до 60 к. во лоу кик постари јуниорки.

Најпрвин нашата натпреварувачка триумфираше над Виталина Тротсенко од Украина со 3:0, а со истиот резултат славеше и против Магдалена Токиќ од Хрватска.

Во истата категорија Андреа Георгиевска дојде до бронзата, доживеа пораз во борбата против Хрватката Токиќ (3:0).

Со сребро се закити Данило Методиевски кој во категорија до 71 кг лоу кик постари јуниори загуби од Матија Радовиќ од Црна Гора (3:0).

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons