Димитриевски ќе замине од Валенсија, но има понуда да остане во Шпанија
Македонскиот голман, Столе Димитриевски е извесно дека ќе ја напушти Валенсија, но голема е веројатноста да направи трансфер во нивниот градски ривал, Леванте.
Димитриевски веројатно ќе го напушти клубот Валенсија, но ќе остане во градот бидејќи сериозен интерес за него има од поранешниот клуб на Барди, Леванте.
Тие брзо се вратија во најдобрата шпанска лига и во Димитриевски гледаат идеално засилување за голманската позиција.
Наводно веќе имаат и испратено конкретна понуда, но македонскиот голман уште тактизира и не се брзо со носењето на одлука.
Ако добие негативен одговор од Димитриевски, Леванте ќе тргне по романскиот голман од Динамо Букурешт, Дину Молдован.