Димитриевски: Не ме плашат Феликс и Гризман, ме мотивираат да ја сочувам мрежата 

Вечерва Рајо Ваљекано го пречекува Атлетико Мадрид, се очекува Столе Димитриевски да го брани голот на домаќинот. Во минатото коло Димитриевски имаше одличен настап против Севиља иако претходно беше на клупата на неколку натпревари. Се очекува македонскиот голман и денеска да го брани голот на Рајо Ваљекано. Од спротивната страна Димитриевски ќе ги има Жоао Феликс кој игра во голема форма и Антоан Гризман. Но вели дека тоа не само што не го плаши, туку го мотивира. „Воопшто не се плашам од Жоао Феликс и Гризман, напротив, ме мотивираат да не примам гол, да ја сочувам мрежата. Двајцата се фантастични фудбалери, топ играчи во моментов и посебно е чувството кога играте против такви фудбалери. Голема е наградата ако успеете да останете несовладан и на својот тим да му донесете барем бод“, вели Димитриевски. Натпреварот меѓу Рајо Ваљекано и Атлетико Мадрид почнува од 21 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons