Спорт

Дејан Станковиќ е нов тренер на најслабиот клуб во Серија А 

Сампдорија денеска на својата официјална клупска страница информираше дека потврди дека нејзин нов тренер е Дејан Станковиќ.

Во соопштението се вели дека српскиот стратег ќе ја води екипата од Џенова до 30 јуни 2023, со можност договорот да биде продолжен на уште една година.

Според италијанските медиуми Станковиќ ќе има плата од 700.000 евра, а ќе добие и бонус од 400.000 доколку избори опстанок во Серија А.

Моментно во најсилниот италијански шампионат Сампдорија е последнопласирана со само два бодови.

Претрпеа порази на последните четири натпревари, а Станковиќ, кој до сега ја водеше Црвена звезда, своето деби на клупата на калчолигашот се очекува да го има в недела против Болоња.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons