МагазинНајново

Денес сончево и многу топло со температури до 39 степени, од вторник следи голема промена

Времето денес ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 14 до 22 степени, а дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне во делови од котлината ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Минималната температура во Скопје ќе изнесува околу 21 степен, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Според прогнозата на УХМР, сончево и многу топло време ќе се задржи до понеделник, при што дневната температура насекаде ќе биде над 33 степени.

Во вторник се очекува дестабилизација на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во среда ќе дува засилен северен ветер и температурите ќе се намалат за неколку степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons