Денеска ќе биде облачно, повремено ќе се појавува сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните утрински температури ќе изнесуваат од 6 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 12 до 22 степени.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.



