МагазинНајново

Денеска сончево со есенски температури, но нема да траат долго – еве кога се очекува затоплување 

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 60 km/h). Максималните дневни температури низ државата ќе се движат од 19 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје денеска ќе биде сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

Утре наутро времето ќе биде ведро и посвежо, а преку денот сончево со максимални температури до 30 Целзиусови степени. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons