Двојна титула за македонската тенисерка Сара Митевска
Одличните игри на претходниот турнир во Нови Сад, Србија, младата македонска тенисерка Сара Митевска ги продолжи и на турнирот во Панчево за тенисерки до 16 години, кој е од категорија 2.
Митевска го заврши турнирот со двојна титула, во поединечна конкуренција и во двојки. Во петте сингл мечеви со финалето македонската тенисерка загуби само 10 гема.
Во финалето Митевска ја совлада Камила Олга Кастрачани од Италија со 2:0 во сетови 6:0, 6:2), додека во полуфиналето беше убедлива против првата носителка Ена Илиќ од Србија (6:1, 6:2).
Во првото коло нашата натпреварувачка (која беше рангирана како четврта носителка) ја надигра Дуња Милиќ (6:0, 6:0), потоа ја победи Драгица Стевановиќ (6:3, 6:1) и во четвртфиналето загуби само еден гем против Ива Колев (6:1, 6:0).
Во конкуренција на двојки со Нина Тепиќ од Србија во финалето во неизвесен меч ги совладаа Камила Олга Кастрачани и Елена Пападопулу од Бугарија со 2:1 во сетови (62, 4:6 и 10:8 на поени).