Две жртви и повредени лица во судир на повеќе возила на експресниот пат Штип- Кочани 

Две жртви и повредени лица има во тешката сообраќајна несреќа која се случи денеска во 12.42 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на селото Чешиново.

– “Сообраќајот е во прекин, од она што првично можеме да информираме е дека има повредени лица и две жртви, а во неа учествувале неколку возила“, изјави Панајотова за МИА.

Ова се првични информации според Панајотова и вели дека во моментов тече увидот на истражните органи. Од дежурната амуланта во Клиничка болница-Штип информираат дека од тешката сообраќајна несреќа е донесено едно повредено лице, кое во моментов е на иследување.

Во моментов сообраќајот се одвива по стариот регионален пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons