Грција и Турција вртат нова страница: Да ја гледаме чашата полуполна

Атина и Анкара вртат нова страница во односите и потпишаа декларација за билатерална соработка.

-Ајде да разговараме гледајќи ја чашата полуполна – изјави турскиот претседател Реџеп Ердоган, кој вчера пристигна во грчката престолнина за прв пат по 6 години.

Тоа беше долг период на тензии меѓу двата соседа, обележан со спорови околу миграцијата, енергетските проучувања во Егејското море и територијалниот суверенитет.

За време на посетата, двете страни се согласија да се фокусираат на остварување добри односи, да ги одржат отворени комуникациските канали, да ја поттикнат трговијата и да работат на прашања што ги делат, особено во Егејското Море.

Грција, исто така, доби дозвола од ЕУ да ја обнови 7-дневната туристичка виза за турските посетители на 10 острови во близина на турскиот брег.

-Нема проблем меѓу нас што е нерешлив. Сè додека се фокусираме на големата слика и не станеме како оние кои го преминуваат морето и се дават во реката – рече Ердоган, додавајќи дека сака да го претвори Егејското море во море на мир и соработка.

Грчкиот премиер призна дека односите меѓу двете земји биле опасно загрозени во минатото, но сега се на помирен пат.

-Чувствувам историска должност да ја искористам можноста за зближување на двата народа – рече Мицотакис, кој следното лето ќе ја посети Анкара.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons