Граѓанинот пријавил во полиција дека некој друг подигнал брз кредит на негово име
Кавадарчанец пријавил во полиција дека некој друг земал кредит на негово име, соопшти портпаролот на МВР Велес Ристе Самарџиев.
Според него, вчера во 10.00 часот во Полициската станица Кавадарци, Р.Л.(44) од Кавадарци пријавил дека на 25 јануари бил повикан од финансиско друштво дека требало да плати рата за брз кредит.
Според пријавата, тој не поднел барање за заем во финансиско друштво, по што сфатил дека неговите лични податоци биле злоупотребени.
Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.