Градоначалникот Бојченко тврди дека во Мариупол бројот на загинати цивили може да достигне и до 20.000

Украинските власти тврдат дека над 10.000 цивили се убиени во градот Мариупол. 

Градоначалникот Вадим Бојченко кажа дека повеќе од 10.000 цивили загинале при руската опсада на градот. Бојченко вели дека бројот на загинати може да достигне и 20.000 лица. Тој ги обвини Русите дека донеле опрема за кремирање во градот за да се сокријат телата на загинатите и да се намали бројката.Лидерот на проруските сепаратисти во Доњецк,  Денис Пушилин изјави дека неговите сили целосно го окупирале пристаништето на стратешки важниот град Мариупол, во југоисточна Украина. 

Градот е речиси целосно уништен и повеќе од еден месец е под опсада. Медиумите јавуваа за масовни гробници, но и тела по улиците кои не можат да ги соберат и погребаат. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons