Гори меѓу селата Бозовце и Вешала – пожар во Националниот парк Шар планина 

Два пожара во моментот горат на Шар планина, објавија од Националниот парк на Фејсбук. Вториот, како што се наведува во постот, е меѓу селата Бозовце и Вешала кој сè уште не е ставен под контрола поради силниот ветар и сувата вегетација.

Од таму апелираат до граѓаните на зголемена будност и мобилност заради неповолните временски услови.„Со цел да се спречат несакани последици потсетуваме дека на територија на Национален Парк Шар Планина е забрането да се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња“, нагласуваат од Националниот парк Шар планина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons