Спорт

Големиот македонски тениски талент, Марко Алексовски освои турнир во Барселона 

Огромен успех за нашиот најголем тениски талент Марко Алексовски кој победи на турнир во Барселона за играчи до 14 години.

На патот до пехарот Алексовски победи тројца од првите четири носители на турнирот и во голем стил дојде до пехарот.

Во денешното финале Марко играше против вториот носител Стефан Шангичев од Шпанија кој го доби првиот сет во тај-брејк со 7-6 (8-6 на поени) во кој решаваа нијанси, а притоа Алексовски не искористи три сет топки (две во сетот и третата во тај брејкот).

Во вториот сет Марко заигра уште подобро и поведе со 3-0 во гемови кога противникот го предаде мечот.

Алексовски во финалето го победи вториот носител, во полуфиналето беше поуспешен од четвртиот носител, а во четвртфиналето го елиминираше и првиот носител.

Марко Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund претходната недела играше полуфинале на турнирот во Белгија, а следната недела го очекува уште ден настап на турнир во Аликанте, Шпанија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons