Германија веќе пишува закон за воена обврска
Германија планира закон што би можел повторно да ја активира воената обврска ако има недостиг од доброволци. Целта е да се зголеми бројот на војници на 260.000 и да се обезбедат 200.000 припадници на резервниот состав.
Loading...
Германија веќе пишува нов закон за регулирање на концептот на воена служба, но покрај одредбите за подобра парична компензација и обврската за нудење подобро сместување на војниците, тој веќе содржи и одредба за – воена служба. Сепак, како што објаснува министерот за одбрана Борис Писториус (СПД), тој дел треба да се активира само ако нема доволно доброволци. Владејачките Христијански демократи (ЦДУ/ЦСУ) исто така ја поддржуваат таа идеја.