ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ, АМА ПОВИСОКИ: Еве што со сигурност ќе поскапи 

Владата ќе ја преиспитува одлуката за зголемување на стапката на ДДВ од 5 на 10 % за дел од производите кои според последните законски измени на Законот за ДДВ, според проценките на Министерството за финансии беа означени како “луксузни” и отпаднаа од групата основни прехрамбени артикли за кои ДДВ – то е 5 %, неофицијално дознава Телма.

Измени, дознава медиумот, со сигурност, ќе има кај преработките од млеко, како сирење, урда и кашкавал. Но, и за други производи.

Ќе се оценува и спроведливоста на новите стапки на ДДВ од 10 % и за увозот на дел од тропското овошје и прерабптки од зеленчук.

Одлуката за над 1600 производи кои се оданочуваат со 10% ДДВ е објавена во Службен весник на 28-ми септември. Но, за голем дел производи, велат извори на Телма, е оценета како нејасна и неспроведлива во пракса.

ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ, АМА ПОВИСОКИ: Еве што со сигурност ќе поскапи

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons