(ГАЛЕРИЈА) ССМ повика барањата да бидат исполнети, затоа што трпението е при крај
Голем број работници денеска излегоа на првомајскиот протест пред Владата.
Баара повисоки плати, затоа што и трошоците за живот растат.
„Трпението има крај, повеќе нема да чекаме – нашите барања да бидат разгледани и исполнети веднаш“, порачаа од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) од протестот пред Владата.
Пред Владата, покрај синдикалците, беа и вицепремиерот Фатмир Битиќи, како и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
„Никој не треба да заборави дека работникот е на право место, човечкиот капитал е пред се“, рече Битиќи.
Тренчевска објасни дека оние газди кои не го почитуваат Законот за минимална плата ќе бидат казнети. Таа посочи дека има контроли, посебно во конфекциите во Источна Македонија. фото Вангел Тануровски