Втор месец по ред голем број на работници со плата помала од минималната 

Според податоците од Управата за јавни приходи на 13.444 работници на сметките им пристигнала плата која е под минималната од 18.000 денари. Станува збор за втор месец откако законски беше зголемен минималецот за околу 3.000 денари.

Од нив најголемиот дел или 11.437 се во приватниот, а 2.007 лицата се во јавниот сектор. Од УЈП велчат дека работодавачи побрзале да им ги доисплатат парите до минималната плата, за да не платат казни. Деновиве ќе биде известен и Државниот инспекторат за труд.

Трудовиот инспекторат ќе ги преземе и конечните анализи од УЈП, по што ќе постапат. Казните за фирмите има, но пред да се дојде до нив фирмите се опоменуваат

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons