Втор ден од Самитот на Европскиот совет – Украина ги почнува преговорите, Македонија со препорака за уставните измени 

Денеска во Брисел се одржува вториот ден од Самиот на Европскиот совет во чии рамки вчера донесоа одлука за старт на преговорите за членство со Украина и Молдавија, и доделија кандидатски статус на Грузија.

Овој самит за Македонија завршува само со препорака за побрзо донесување на Уставните измени.

Премиерот на Белгија утрово вели дека со стартот на преговорите Европската унија испраќа јасна порака за поддршка на Украина.

Но ваквата одлука не е донесена едногласно, со почеток на преговорите не се согласува Унгарија, па Орбан го напуштил состанок на Европскиот совет.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons