МагазинНајново

Времето денеска променливо облачно со врнежи од дожд, од петок се очекуваат утрински мразеви

Денешниот ден носи променливо облачно време со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и југоисточните делови од државата. Временските услови ќе бидат проследени со умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), минималните температури денеска ќе се движат во интервал од 3 до 8 степени, додека дневниот максимум ќе достигне меѓу 10 и 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со дожд и слаб до умерен северен ветер. Температурите во главниот град ќе се движат во интервал од 7 до 15 степени.

Периодот до крајот на неделата ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, што ќе услови променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре се очекуваат услови за ретки грмежи, а процесите наместа ќе бидат поинтензивни. Синоптичарите предупредуваат на локално невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови, каде се очекува да наврнат над 30 l/m².

Дневната температура ќе биде во постепен опаѓање. Кон крајот на работната недела, поточно во четврток и петок, утринските температури на места ќе се спуштат и под нулата. Во четврток се очекува северен ветер, кој повремено ќе биде силен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons