Во јануарските сметки за струја ќе го нема надоместокот од 200 денари, тврди Бислимоски 

Првиот човек на Регулаторна комисија, Марко Бислимовски денеска ја информираше јавноста дека во декемвриските сметки за струја го има надоместокот од 200 денари за мрежарина, а јануарските сметки во текот на февруари ќе го немаат тој надоместок, за да се тргнат сите сомнежи дека тоа е екстра давачка или профит за некого.

„РКЕ укажа на Електродистрибуција тоа да го направи. Во јануарските сметки, нема да биде тој надоместок. Понатака до крајот на година, ќе си го има надоместокот од 200 денари. РКЕ го прави ова за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Довербата што треба да се гради меѓу потрошувачите и операторот на дистрибутивниот систем, мораме да ја промовираме и зголемување. Во таа насока, во јануарските сметки што граѓаните ќе ги добијат во февруари, ќе го нема надоместокот од 200 денари“ – рече Бислимоски на прес-конференција.

Според него, ова се прави за да бидат сите на чисто и да се зголеми довербата. Повторува дека не станува збор за грешка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons