Во четири општини утре почнува кампањата за градоначалник
Утре започнува кампањата за повторените избори за градоначалник во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа.
Кампањата ќе трае до 9 јануари, а гласањето е закажано за 11 јануари. Со право на глас се над 128 илјади гласачи.
За повторените избори се пријавија пет партии и коалиции и еден независен кандидат.
Во Гостивар кандидат на коалицијата Вреди е довчерашниот градоначалник (во два мандата) на ДУИ на општината Невзат Бејта. , каде што искусниот политичар Невзат Бејта се враќа на сцената. Негов противкандидат е Ваљбон Лимани од Националната алијанса за интеграција (НАИ), коалицијата на ДУИ.
Во Врапчиште пријавени се тројца кандидати: Исен Шабани – кандидат на НАИ, Зули Демири – кандидат на Алијансата за Албанците и Зулхајрат Демири – кандидат на коалицијата Вреди.
За Маврово и Ростуше кандидати за градоначалник се Онер Јакуповски од ВМРО-ДПМНЕ и Анес Ахмети од СДСМ.
Поради специфичноста на теренот и миграцијата, Државната изборна комисија направи одредени корекции во распоредот на гласањето. Во вкупно 7 избирачки места во Гостивар и 5 во Маврово-Ростуше има регистрирано помалку од 10 избирачи. Тие своето избирачко право ќе можат да го остварат во најблиските избирачки места.



