Во суд беа презентирани вибер пораки, Рашковски бил запишан под псевдоним
Обвинителката Ивана Трајчева попладнево продолжи да чита нови пораки, но од друг телефон, на рочиштето за случајот „Софтвери“ во кој се обвинети поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други лица.
Рашковски се гони за злоупотреби при учество на тендери за набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација.
Во судот беа презентирани пораки од Вибер меѓу обвинетите Даниел Станчев од фирмата „Инвока груп“, Ирена Ивановска и Рашковски. Рашковски во телефонот бил зашишан под псевдоним, „Перо 078“. Според пораките кои ги читаше обвинителката Ивана Трајчева, тие разговараат за конкурирање на тендер.
На судењето се презентираа и други пораки меѓу Станчев и поранешен хонорарец во Владата. Тие комуницираат за набавка и за понудите на тендерот и која колку чинела.