Во Софија продолжуваат дискусиите дека Илинденското востание е бугарско
Во бугарскиот Парламент пратеници изјавија дека Илинденското, односно како што кај нив се вика Илинденско-преображенско востание, било бугарско.Бугарските парламентарци се подготвуваат и денот на Светите браќа Кирил и Методиј да го прогласат „денот на бугарската писменост и култура“ за национален празник.
Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење, изјави деновиве бугарскиот премниер, кој е дел од коалицијата на поранешниот премиер Кирил Петков.
„Сеќавањето на подвигот е живо и мора да се сеќаваме на нивната жртва и да ја заштитиме Бугарија како што заповедаа хероите од Илинден, Преображение и Крстовден 1903 година“, порача Христо Даскалов, пратеник на ПП-ДБ.
Тома Биков од ГЕРБ-СДС истакна дека годишнината стана поле за дискусија и сега треба да донесеме заклучок како да се надмине траумата од неуспехот на бугарската идеја.
Екс премиерот Кирил Петков на првата средба во Скопје со Ковачевски рече дека историјата ќе ја остават на страна и оти ќе се посветат на економијата.
Од истата партија доаѓа и предлогот 24 Мај да се нарече Ден на бугарскиот збор, образование и култура и на кирилицата. Ова го предлага актуелниот бугарски премиер Николај Денков. Коалицијата на Кирил Петков, Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија го претстави проектот за уставни измени. Меѓу предлозите е 24 Мај да биде национален празник на Бугарија. Се обидовме да најдеме празник што обединува, а не раздвојува“, го објасни предлогот Денков.