Спорт

Во меч со три полувремиња, македонските ракометари дадоа 85 голови

Македонската ракометна репрезентација ја имаше првата контрола на подготовките кои ги одржува во Стара Пазова, избраниците на Кире Лазаров го победија РК Нови Београд со 85-44.

Тоа беше натпревар кој се играше 90 минути, односно три полувремиња по 30 минути со цел сите ракометари да добијат поголема минутажа.

Македонија на подготовките во Србија ќе одигра уште два натпревари. Утре ќе се сретнеме со Динамо Панчево, а на 29. декември со Саудиска Арабија.

Македонската репрезентација на 15. јануари го почнува настапот на Светското првенство, прв противник ни е Унгарија, а во нашата група се уште и селекциите на Холандија и Гвинеја. Натпреварите ги играме во Вараждин.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons