МакедонијаНајново

Во коордирана акција на МВР, ЦУК и АМСМ спасен германски државјанин, се изгубил на Скопска Црна Гора 

Во координирана акција на МВР, ЦУК и АМСМ, а по јавување на германската служба за помош на пат, синоќа успешно беше пронајдено изгубено лице на планината Скопска Црна Гора.

Од ЦУК информираат дека изгубениот 70 годишен германски државјанин, кој зборувал и на турски јазик, немал македонски телефонски број при животозагразувачката ситуација и прво за помош се јавил во матичната државата Германија, по што почнала акцијата за негово спасување која успешно завршила.

„По пријава од страна на дежурен вработен во АМСМ, а добиени податоци од Германската служба за помош на пат (којашто служба соработува и е слична со нашата АМСМ) во Центарот за управување со кризи ЦУК беше добиена информација дека е изгубено повозрасно лице после село Блаце, на планината Скопска Црна Гора во правец кон селата Брест и Танушевци, со координати дадени на АМСМ од страна на Германската служба за помош на пат. Лицето немало јадено веќе еден ден и истото било исплашено за својот живот во мракот во планината. АМСМ имале контакт преку Германската служба за помош на пат за состојбата на изгубеното лице, но во момент на координацијата со Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК) немале можност за контакт со лицето. Затоа од страна на АМСМ во ЦУК биле дадени и два странски телефонски броја од изгубеното лице. Во потрагата биле корисни и дел од информации добиени на 112 во ЦУК“, се вели во соопштението.

Регионалниот ЦУК Скопје, веднаш по вклучувањето во истрагата, известиле дека за пријавата, добиена околу 18:00 часот, за изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора бил воспоставен телефонски контакт со полициските станици (ПС) Мирковци и ПС Танушевци на коишто им била пренесена информација дека, согласно пројавените координати за изгубеното лице, истото е можно да се наоѓа во непристапен терен за што ќе има потреба од теренско моторно возило (со погон 4Х4) за да се стаса до лицето. Истовремено од ЦУК биле информирани и надлежните на Општина Чучер Сандево за нивно можно вклучување во потрагата согласно развојот на ситуацијата и потребите на потрагата.

Од ЦИК на МВР известија околу околу 19.30 часот дека потрагата по изгубеното лице на падините на Скопска Црна Гора завршила успешно и дека лицето е пронајдено.

„При потрагата беше вклучен и Единствениот повикувачки број 112 на ЦУК при што беа прибрани дополнителни информации (од роднини што информираа за случајот) што би било можно да бидат корисни при конкретната потрага. Изгубеното лице било заглавено на планинскиот пат претходно со патничко моторно возило (пмв) „тигуан“, црвена боја со германски регистерски ознаки. Според дополнителните информации изгубеното лице продолжило да се движи пешки во правец, кон некоја куќа којашто ја забележал во далечината додека се стемнувало, на околу 15-тина километри оддалеченост од него, но дека не стигнал до неа и се изгубило, а по неговото јавување за помош во Германија, акцијата за негово спасување почнала и успешно завршила во координирана акција на Германската служба за помош на пат, македонската АМСМ, МВР и на ЦУК“, се додава во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons