Војдан Стојановски испиша историја, стана играч со најмногу настапи за Македонија
Македонската кошаркарска репрезентација го победи Азербејџан (70-78) во претквалификациите за ЕП 2029 и си обезбеди пласман во следниот филтер.
На овој натпревар, иако се повреди уште во првиот дел, историја испиша Војдан Стојановски. Легендарниот македонски бек стана играч со најмногу настапи во историјата на националниот тим.
Стојановски го забележа својот 90. настап за Македонија и со тоа го надмина Тодор Гечевски на листата кој остана на второто место со 89 натпревари. На третото место од оваа листа се наоѓа Врбица Стефанов со 66 настапи.
На Војдан му недостигаат и 110 поени во дресот со националниот грб за да стане најдобар поентер, бидејќи моментално е четвртопласиран.



