ВОНРЕДНА ВЕСТ, ЕДЕН ЗАГИНАТ: БМВ помина на црвено и удри во комбе со шест Македонци во Загреб (ФОТО)

Во неделата во 02:30 часот во загрепската населба Сесвете се случила тешка сообраќајна несреќа во која две возила се судриле, а потоа се запалиле. Еден човек го загуби животот, а шестмина македонски државјани се повредени, од кои тројца потешко, објави хрватскиот портал 24sata.hr.

Полицијата за несреќата: БМВ-то поминало на црвено, загинал возачот

Дваесетгодишно момче управувало БМВ со загрепски ознаки, кое се движело кон запад по Славонската авенија, а на раскрсницата при вртење на улицата „Свети Иван“ поминал на црвено светло на семафорот.

Од правец на Загреб, на зелено светло на семафорот на раскрсницата, шоќитувајќи ги сообраќајните правила и прописи влегло комбе „мерцедес“ со македонски национални ознаки, управувано од 25-годишен Македонец.

Возачот и двајца малолетници од Македонија се тешко повредени.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons