ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА, НО И ЗАБРАНИ ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Еве ги деталите 

Дождот, но и снегот кои зафатија делови од нашата земја, веќе прават проблеми. 

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека поради обилни врнежи од снег патниот правец Гостивар- Маврово-Стража-Кичево од 12:40 часот е во прекин за тешки товарни возила.

Воедно регионалниот ЦУК – Скопје, известува дека треба да се вози внимателно на патниот правец Скопје-Велес, бидејќи добиле пријава од граѓани за одрони долж клисурата на патниот правец Скопје-Велес почнувајќи од с.Катланово. За настанатата состојба известени се ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта кои известија дека ќе пратат камион за расчистување на одроните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons